| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдено возило со експлозив близу Париз

Возилото во чиј гепек имаше експлозив е пронајдено во близина на Париз, пренесува францускиот весник „Паризиен“, повикувајќи се на добро информирани извори.

Според првите елементи на истрагата, сè започнало со обична рутинска контрола на џандарите на една бензинска пумпа. Возачот кој бил подложен на контрола веднаш избегал со автомобилот, предизвикувајќи сомничавост кај припадниците на безбедносните сили.

Возилото беше пронајдено напуштено во текот на ноќта, а во гепекот имаше експлозив и голем број лажни регистарски таблички.

Франција се уште е во состојба на готовност по серијата терористички напади од 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top