Познатиот американски музичар Нил Роџерс, водечката гитара во бендот „Чик“ ќе гостува на овогодинешниот „Егзит 2013“. Песната која што Роџерс ја напиша за француското дуо „Дафт Панк“ и Фарел Вилијамс е апсолутен хит ова лето, а ова не е прв пат песните кои ги компонирал тој да се искачат на топ листите ширум светот.

Роџерс има соработувано со најголемите музички ѕвезди како Мајкл Џексон, Мадона, Мик Џегер, Ерик Клептон, а е автор и на легендарната „Летс денс“ („Let’s dance“) на Дејвид Боуви.
Годинава Петроварадинската тврдина во Нови Сад од 11 – 14 јули повторно ќе ги собере младите од Балканот, но и Европа на незаборавна журка, концерти и дружење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


