| четврток, 6 декември 2018 |

Публиката го исвриска: Нов скандал на „Егзит“ на Сергеј Трифуновиќ

Тепачки, апсење, пијанство, караници - нему скандалите му се секојдневие

Сергеј Трифуновиќ беше исвиркан од страна на публиката во неделата вечер, на последниот ден од фестивалот „Егзит“. И не е без причина.

Ексцентричниот актер ѝ се придружи на групата што на реге-сцената на фестивалот во Нови Сад го следеше финалето на Европското првенство во фудбал. Натпреварот се следеше на голем видеобим, а публиката во духот на фестивалот беше испоседната во тревникот пред бината.

Трифуновиќ, пак, зеде стол и го постави на средината на тревникот.

Се замислил дека е токава ѕвезда и дека сѐ може. Иако знаеше дека на многумина им пречи што седи толку високо, тој продолжи да го гледа натпреварот како да е во својата дневна соба, коментира српскиот весник „Блиц“.

– Навистина беше невозможно да се гледа од него. Сите му велевме да се спушти, но не. Не нѐ послуша. Се искара со неколкумина со погрдни зборови и продолжи да седи на тој стол – раскажува еден од присутните на фестивалот додавајќи дека на крајот сите се откажале од забелешките бидејќи попаметниот секогаш попушта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top