Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал во овие моменти имаат третмани за залечување на своите повреди кои ги заработија на тенискиот грен слем кој се одигра во Австралија, а сега еден нивни епски дуел токму од „Род Лејвер“ арената му послужи на српскиот тенисер за да испрати една интересна порака до својот голем ривал.
Ѓоковиќ и Надал одиграа незаборавно финале на Австралија Опен во 2012 година кое траеше 5 часа и 53 минути, а каква натчовечка сила употребија двајцата тенисери на споменатиот меч најдобра отслика беше тоа што и двајцата не можеа да стојат за време на церемонијата. Новак го доби тој меч победувајќи во петтиот сет со 7:5, а шест години по нивната бепоштедна битка на централниот терен, Ѓоковиќ му порача на Надал дека нивните повреди се производ на начинот на кој воопшто не се штедеа во минатото.
– Не е ни чудо што сега сме на рехабилитација, – гласи објавата на Ноле со која ја одбележа шестгодишнината од нивниот епски дуел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)