Илон Маск изведе многу скап ПР трик при лансирањето на новата Falcon ракета која е една од најмоќните со приватно вложување во досегашната историја на вселенски истражувања.
Ракетата со три мотори полета кон Марс со цел да ги направи првите истражувања на Space X за можно населување на црвената планета во иднина која би поддржала човечки колонии.
Заедно со ракетата беше лансиран и приватниот спортски модел на Тесла во сопственост на основачот на компанијата Илон Маск кој се надева дека еден ден ќе стапне на Марс.
Сепа, на земјата не е така идеално за ексцентричниот милијардер бидејќи Тесла како производител на електрични автомобили во четвртиот квартал од 2017 забележа рекордна загуба од речиси 700 милиони долари.
Минусот се должи на тоа што фабриките на Тесла не успеваат да го усовршат производството и за последните три месеци од ланската година создале нешто над 2000 модели на Тесла 3 седанот, па така немаат ефикасни приходи од продажба.
Оптимизација на производството на Тесла се очекува дури кон средината на оваа година, но тоа нема да ги сопре нивните вселенски истражувања преку Space X.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)