| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца Кубанци и еден Македонец издадоа музички албум во Македонија

Тројца Кубанци и еден Македонец, чие име е Yasmin ysuBeleBele издадоа музички албум во Мкедонија.

Формација досега е позната на македонската сцена по неверојатните настапи и исклучително добрата „заразна” забава, а нивните егзотични гласови и неверојатен ритам ги води токму во Македонија.

Нивниот пат почнува пред 11 години кога почнуваат да создаваат музика која е мешавина на неколку стилови – латино комбинирано со различни ритми на регетон, реге, меренге, R’N’B и кизомба, што денес е дел од светската музичка сцена.

Инспирацијата која ја добиваат од ова мало парче земја, ја заокружуваат со албум кој е комплетно создаден и продуциран во Македонија. Албумот го сочинуваат 12 песни, а официјалната најава на истиот ја започнува песната „Teexrañoamor” или „Ми недостигаш љубов“, за која е изработен и музички спот.

„Ми недостигаш љубов“е приказна за меланхолијата и копнежот кон своите најблиски.
– Македонија е нација во која семејството и пријателите имаат многу важна улога во општеството, и без разлика каде и да е лоциран географски еден македонец, тој секогаш ќе се залага за својата земја. Оваа песна, исто така е начин како да им кажеме на нашите во Куба дека ни недостигаат и дека секогаш ќе бидат дел од нас – изјави Јасмина Лопез.
Комплетниот албум излегува на почетокот на март 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top