| четврток, 6 декември 2018 |

Aнчелоти, конечно, во Реал Мадрид

Карло Анчелоти, конечно, се пресели во Шпанија и тој е новиот тренер на Реал Мадрид. По многу перипетии италијанскиот стратег доби дозвола од Пари сен Жермен да ја смени локацијата и ќе биде предводникот на шпанскиот гигант. Францускиот првак го ангажираше Лоран Блан, па со тоа Анчелоти имаше можност да преговара со Реал и, конечно, и се договори.

Италијанецот има одлично тренерско педигре и ги предводеше италијанските гиганти Јувентус и Милан, а работеше како шеф на стручниот штаб и во Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top