| четврток, 6 декември 2018 |

Илон Маск ја лансираше најголема ракета во светот, со себе носи и автомобил (видео)

Американската компанија „Спејс икс“ (Space X) по долги одложувања поради ветерот, успешно ја лансираше својата најголема ракета досега, а во орбитата околу Сонцето заедно со неа полета и црвен спортски автомобил.

Ракетата наречена „Falcon Heavy“ лансирана е од Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида, со истите платформи кои НАСА ги користеше во 1969. година при историскиот проект Аполо 11, првата мисија за испраќање луше на Месечината, пренесуваат американските медиуми.

Опремена е со 27 мотори и три дополнителни 0 „бустери“, за да се обезбеди посилен притисок.

Ракетата е проектирана за испраќање опрема и залихи во далечниот универзум.
Во багажаот на ракетата е и црвен спортски автомобил „Тесла“ на Илон Маск кој е сопственик на фирмата „Space X“, а зад воланот се наоѓа куклата наречена „Ѕвездениот човек“.

Најсилната ракета би можела да овомозжи носење на потешки предмети, потенцијално и човечки екипаж на Месечината и Марс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top