| четврток, 6 декември 2018 |

До смрт ја избол – девојка настрада од поранешното момче

Бојана М.(21) убиена е во соблекувална на локалниот селски стадион во местото Станишиќ кај Сомбор. Неа, под се уште неразјаснети околности со нож ја нападнал и и задал смротоносен убод во глава, Јован В.(24), нејзиното поранешно момче.

Бојана починала на лице место, а полицијата го уапсила Јован В.

Мотивот на злосторството засега не е познат, а полицијата интензивно работи на утврдување на сите околности.

Како што се дознава, Јован наводно веќе имал забрана за приоѓање на својата девојка Бојана, поради поранешно насилничко однесување.Тој од претходно бил познат на полицијата поради насилство бидејќи неодамна ја претепал бабата, а претходно и својата мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top