| четврток, 6 декември 2018 |

Почина актерот Џон Махони од „Фрејзер“

Британскиот актер Џон Махони почина во Чикаго, во 77. година од животот, потврди неговиот гласноговорник. Тој беше најпознат по улогата на Мартин Крејн во серијата „Фрејзер“,  таткото на Фрејзер и Нилс Крејн, кои ги играa Келси Грaмер и Дејвид Хајд Пирс.

Серијата се емитуваше 11 сезони (1993- 2004) во текот на кои освои бројни награди, вклучувајќи и три Златни глобуси.

Во долгата и плодна кариера, која траела повеќе од 30. години, Махони освои SAG (Screen Actors Guild Award) за „Фрејзер“ и бил номиниран двапати за наградите „Еми“ и „Златни глобуси“.

Махони починал во неделата во домот за нега на стари лица во Чикаго каде бил сместен. Тој имаше исклучителна кариера како драмски актер.

Сепак, најзапаметен ќе остане по улогата на досетливиот и остар Мартин Крејн во „Фрејзер”. Махони освои награда од Здружението на филмски актери во 2000 година за оваа улога, а беше номиниран по два пати за Еми награда и за Златен глобус.

Голем дел од привлечноста и жарот во серијата „Фрејзер“ се должеа на односот меѓу приземјениот, реален пензиониран полицаец Мартин Крејн и неговите помпезни синови Фрејзер и Најлс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top