
Вистинска заложничка драма се случува вечерва во фабриката на „Веибо“ во Крива Паланка, информираат луѓе од терен за Република.
Нашиот извор вели дека директорката на „Веибо груп“ Кристина Јакимова заедно со менаџментот во кој има и турски државјани вечерва ја посетила фабриката за да ги земе документите за нејзино затворање. Но, откако влегле во фабриката која не работи од први месецов, дворот на објектот бил опколен од група на работници кои веќе неколку часа не им дозволуваат да излезат од „Веибо“.
Како што дознаваме, повикана била и полиција, но, драмата се уште трае. На терен ситуацијата ја смирувал и градоначалникот на Крива Паланка.
Во меѓувреме, луѓе од терен за Република информираат дека 4 претставници на вработените заедно со градоначалникот на Крива Паланка влегле на преговори со менаџментот предводен од Јакимова. Доколку „Веибо“ се затвори, на улица ќе останат 210 вработени.
Инаку, работниците на „Веибо груп“ протестираат веќе неколку дена поради затворањето на фабриката. Менаџментот на компанијата минатата недела се огласи со соопштение дека фабриката мора да биде затворена, затоа што тие веќе немаат моќ да функционираат и не сакаат да се доведуваат во големи загуби.
Во исто време фабриката им должи три заостанати плати на работниците, кои минатата недела се закануваа дека додека не им бидат исплатени заостанатите плати нема да дозволат да се изнесе ништо од фабриката.
Во прилог, аматерски видеа од настанот.
Љ.З.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


