Еврокомесарот за проширување Штефан Фуле бил вознемирен од изјавата на лидерот на СДСМ дека опозицијата ќе ја префрли сета одговорност за името на Премиерот Груевски и ВМРО – ДПМНЕ доколку не биде прифатен неговиот ултиматум за организирање на превремени парламентарни избори.
Дипломатски извори за „Република“ тврдат дека една од главните причини зошто еврокомесарот вчера допатува во ненајавена посета на Скопје е изјавата дадена од Црвенковски по средбата со Груевски во клубот на пратеници завчера. Во неа тој се откажа од поддршката за било какво решение кое што нема да задира во националните интереси и идентитетот договорено од актуелната влада доколку не му бидат исполети најновите предуслови за продолжување на политичкиот дијалог.
Изворите на „Република“ велат дека Филе за време на средбата на која што според информации од Европската Комисија присутни биле Иванов, Груевски и Црвенковски а се одржала на непозната локација во главниот град, остро му забележал на Црвенковски дека мора да биде одговорен и без разлика на сите други отворени политички прашања не смее да ја префрла одговорноста за решение за името, односно да не го минира процесот кој треба да доведе до решение на името а во кој се инволвирани влијателни фигури во меѓународната заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


