| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски за „Република“: Јас не сум за оваа Македонија на Заев и Спасовски

Поранешниот претседател на Република Македонија и екслидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, во изјава за Република вели дека е револтиран од приведувањата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и активисти на иницијативата „За Заедничка Македонија“.

– Притисоците, уцените и заплашувањата со кои се служат Зоран Заев и неговиот послушник Оливер Спасовски се далеку пострашни од оние во времето на груевизмот. Незамисливо е пратеници и граѓани да бидат прогласувани за терористи затоа што се противеле на некаква политика на владата, па макар и да ги понеле емоциите и да удриле по некој шамар или тупаница. Ако ја следиме логиката на обвинителството, кое сега е под контрола на Заев и Спасовски, тогаш и ние кои на 24 декември 2013 направивме инцидент во и надвор од Собранието, сме терористи. Ова е смешно, од причина што и двајцата на тој ден кој го нарекуваме „Црниот понеделник“, беа вмешани во ницидентит – вели Црвенковски за Република.

Запрашан дали ќе се приклучи на протестите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ пред судот, Црвенковски вели дека се уште нема клима за негово помирување со Никола Груевски, но, како што вели „Никој не знае што ќе се случи во политиката.“. Тој се противи и на договорот со Бугарија.

-СДСМ која му ја оставив во аманет на струмичанецот Заев е изградена врз темелите на Сојузот на комунистите на Македонија. Македонија ја изградија комунисти кои се бореа против бугарскиот фашистички окупатор. Не ми е јасно како е можно партијата која го има тој аманет зад себе, сега да се врти во сосем спротивна насока, да стане партија која работи во служба на Бугарија и ја негира нејзината окупација во втората светска војна – вели Црвенковски.

Екслидерот на СДСМ вели дека се згрозил кога ја видел Радмила Шекеринска во прегратките на лидерот на бугарската шовинистичка партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов.

-Идеологијата на Каракачанов претставува се против што се бореше СДСМ од нејзиното формирање, па се до денот кога јас ја напуштив партијата. Шекеринска се гушкаше со тој човек кој отворено говори дека социјалдемократот Гоце Делчев, бил бугарин. Се згрозив од оваа слика. Нека и служи на чест и неа и на Заев, вели Бранко Црвенковски за Република.

Во кратката средба со него, го прашавме Црвенковски и дали размислува да формира нова партија. Тој ни одговори дека во овој момент ќе чека да спласнат работите на македонската политичка сцена, но подоцна дефинитивно ќе се реактивира.

– Јас ќе се вратам. Дали како лидер на СДСМ или како лидер на некоја друга партија, ќе видиме, ни одговори Црвенковски.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Луди Чифут

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top