| четврток, 6 декември 2018 |

Затвореници сведочат за корупција во Идризово: Даде 1 500 евра, сабајле во 11 часот излезе

Порталот Досие.мк објави аудио снимка, разговор со еден од затворениците во Идризово кој револтиран од односот на надлежните со делење на решенијата
за амнестија обвинува за корупција. Тој детално раскажува зошто многу затвореници за кои стигнало решение од судот се уште се во затворот.

Споменатиот портал веќе објави дека во затворот по чуден и необичен редослед се пуштаат затворениците. Во петокот истече рокот за судовите да ги достават решенијата, а затворот беше должен веднаш да ги ослободи. Но и денеска тој процес не е завршен, а затворенците кои добиле решенија велат дека нивните иако се со одлука на судот од пред неколку дена, се уште се внатре.

Аудио снимката од изјавата на завтореникот од Идризово може да ја слушнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top