| четврток, 6 декември 2018 |

Водопадот “Алаѓозовски” го запусти Драмски – министерот не е во можност ниту кров да санира

Министерот Алаѓозовски и неговиот ментор Заев прво го стопираа капиталниот проект од интерес на сите граѓани, особено на оние вљубеници во драмската уметност, а потоа и го оставија на забот на времето. Ја спречија изградбата на новата зграда на Драмски и не успеаа да го поправат покривот што им го ветуваа на граѓаните уште од минатата година.

Владата на СДСМ не е во можност ниту да санира, а ниту пак да ги продолжи капиталните проекти што биле започнати од претходната. И додека новото раководство во министерството за култура прави некакви ревизии на сите наследени проекти од претходната гарнитура, објектот на Драмски театар пропаѓа. Културата пати, а и граѓаните со неа.

После првите есенски дождови, минатата година министерот Алаѓозовски истрча на терен, ги посети сите поплавени објекти и многу ветувачки на сите медиуми изјави брза санација на крововите. Од тогаш ништо.

Дури вчера, нивното политичко самоволие, го испровоцира и в.д. директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски кој на својот “Фејсбук” профил постираше слики и видеа од прокиснувањето на покривот на Драмски коментирајќи – “иде Нијагара”. Претставата “Секс, дрога…” се одржала во многу тешки услови. Граѓаните, под неговите постови прашуваа зошто се одоговлечува санацијата. Тасевски одговара:

– Треба дозвола од министерство, пари и отворање тендер. Уште во ноември минатата година алармирав, пуштив барање за санација со комплетна процена на штетата.

Тасевски изгледа воопшто не е запознаен со фактот дека во Драмски тече вода кога има дожд уште од раните 1990-ти до сега од причина што се наоѓа во стари дотраени бараки од 1965-тата година. Во време на ВМРО – ДПМНЕ 1998-2002 овој театар еднаш веќе беше реновиран, но станува збор за објект кој кога е граден беше замислен да биде од времен карактер.

За разлика од сите други влади, вклучувајќи ја и оваа влада и партијата СДСМ која го назначи Тасевски за в.д директор, владата на ВМРО – ДПМНЕ и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска подготви идеен план а потоа и главен проект за изградба на нов, модерен театар од цврста градба, на местото на старите бараки.  Владата на ВМРО – ДПМНЕ обезбеди пари во буџетот за 2017-та за почеток на градбата. Објавен беше оглас за изведувач и избран. Градбата требаше да отпочне во јуни минатата година.


За да не се створи поголема пауза на театарскиот репертуар, министерката Канческа – Милевска обезбеди и место каде во меѓувреме драмски ќе ги одржува претставите.  Министерката ги издржа и се справуваше со бесмислените протести на дел од вработените во Драмски кои тогаш бараа да не се гради нов објект бидејќи биле навикнати на ,,духот и миризбата,, на постоечкиот. Случајно тоа беа актери кои сосема случајно се јавни поддржувачи на СДСМ и на “шарените”.

Веднаш откако во јуни 2017 година власта ја превзеде СДСМ на чело со Заев, Алаѓозовски и Сашо Тасевски во Драмски, се направи ребаланс со кој парите предвидени за нова зграда на Драмски ги избришаа во буџетот за 2017-та, а не обезбедија пари ни за реновирање. Како и да е, проектот стои, па можеби како и за Клинички центар по година две СДСМ ќе го смени своето мислење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top