| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени две гранати во Велебрдо, Мавровско

bombi

При ископ на темели во долнореканското село Велебрдо се пронајдени две гранати кои, најверојатно, датираат од Втората светска војна.

Триесет и двегодишен жител на Велебрдо, општина Маврово-Ростуше, пријавил во полиција дека при ископ на темели за куќа наишол на непознато експлозивно тело, информираат од СВР Тетово.

Непосредно по пријавата, на самото место во Долно Маало, каде што се вршел ископот, дошле полициска и екипа на Дирекцијата за заштита и спасување. При вадењето на екплозивното тело, се укажала уште едно, по што безбедено се отстранети.

Според првичните сознанија, станува збор за две убоити кумулативни гранати од италијанско производство. Според нагризаноста, најверојатно, потекнуваат од периодот на Втората светска војна.

По извршениот увид и документирање, екипа на Дирекција за заштита и спасување ги подигнала експлозивните тела и ги префрлила на безбедно место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top