Тим на Дирекцијата за заштита и спасување вчера ги извадил двете минофрлачки гранати од 75 мм, кои беа откриени во неделата во водите на Охридско Езеро на 50 метри од „Плажата на АРМ“ до каналот на Езерската полиција.
Во акцијата биле вклучени нуркачи од тимот за брз одговор за подводно дeминирање од Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид. Тие ги извадиле мините од езерското дно и му ги предале на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. Мините се сместени на безбедно сѐ до нивното уништување на полигонот на АРМ „Криволак“, соопшти ДЗС
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.