| четврток, 6 декември 2018 |

Специјалната обвинителка Фетаи со чанта од 4.000 евра?

Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, која во јавноста е позната меѓудругото и по нејзиниот елегенатен изглед, вчера, на судењето по предметот за насилствата во Општина Центар, се појави во судот со ташна модел „Квин Маргарет“ од познатиот бренд Гучи, која чини, ни помалку, ни повеќе 3.950 евра.
Имајќи ја предвид нејзината јавно објавена имотна состојба од која се гледа дека обвинителката има два кредити од околу 70.000 евра, се отвора прашањето, дали чантата е „фејк“ или пак нешто „заборавила” да пријави во Државната комисија за антикорупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top