| четврток, 6 декември 2018 |

Советот на јавни обвинители: Јанева и Фетаи од СЈО го прекршиле етичкиот кодекс, да се назначи нов јавен обвинител

Советот на јавни обвинители вчера одржал седница на која ја разгледувал претставката на в.д. претседателката на Кривичниот суд во оставка Татјана Михајлова и донел заклучок дека двете обвинителки од Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле етичкиот кодекс, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски.

-Двете обвинителки го прекршиле кодексот и наша препорака до нив е да се назначи нов јавен обвинител во конкретниот случај- изјави Аневски.

На последното рочиште за овој предмет што се одржа на 22 минатиот месец и двете обвинителки влегоа во жестока расправа со судијката  во оставка Татјана Михајлова, по што таа двете ги казни по 2.000 евра за непочитување на судот. Следното рочиште за овој случај е на 10 март, еден ден по седницата на Советот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top