Тензиите за неколку острови во Егејско море, меѓу Грција и Турција продолжуваат да растат. Советникот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Јигит Булут изјави дека доколку некое официјално лице од Грција, премиерот Алексис Ципрас или било кој министер се обидат да стапнат на островот Имија ќе им бидат скршени рацете и нозете, пишуваат грчките медиуми.
Пред неколку дена на грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, турската флота не му дозволи пристап до спорниот остров.
На зголемените тензии меѓу двете земји членки на НАТО, неодамна предупреди и американскиот амбасадор во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)