| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Николиќ за „Република“ : Учев да дизајнирам чевли, но сакам да дизајнирам накит

Завршивте политехничко училиште, отсек дизајн. Дали некогаш сте размислувале да се занимавате со дизајн доколку ја оставите музиката? Што би работеле доколку не пеете?

-Па, искрено не сум размислувала. Со дизајн можеби би се занимавала, но знаете јас завршив за дизајн на чевли. Тоа е мошне креативно, но можеби би се усовршила за дизајн на накит. Тоа ми звучи некако примамливо.. Но сепак мислам дека можеби најдобро би се снашла во оваа работа, но овојпат зад камерата. Како некој кој би создавал ѕвезди, бидејќи јас знам што треба за тоа.

А што би им порачале од оваа дистанца на младите пејачи? На оние кои сега ја почнуваат кариерата?

Верувајте, нив не им треба совет. Знаат тие подобро од мене што да прават. Тоа се напредни генерации, ти се знаат.

 

Целото интервју ќе го читате наскоро…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top