| четврток, 6 декември 2018 |

После бакнежот на сцена, испливаа нови детали од заедничката посета на Македонија

Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста синоќа во Скопје одржаа прв заеднички концерт после поднесувањето документи за развод на бракот, а после потврдата за смирување на социјалните мрежи и бакнежот на сцена, на сите им е јасно дека од разводот нема ништо.

Освен тоа извор кој се нашол на лице место тврди дека парот бил многу близок пред и после секое излегување на сцената

-Ана и Раста изнајмија една соба, што сите ги изненади. Прилично беа блиски и изгледаа како еден нормален пар, кој не само што не се разведува, туку делува како да нема проблеми во бракот -пренесува Пинк рс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top