| четврток, 6 декември 2018 |

Мојата душа ги склопи очите и замина – тага и солзи во домот на Ана Николиќ

Само два дена откако пејачката го прослави роденденот на својата ќерка Тара, Ана Николиќ поради смртен случај во семејството морала да ги откаже своите настапи.

Имено бабата на пејачката починала, а Ана во овие моменти е неутешна и најголемата поддршка ја добива од сопругот Раста и братот Марко како и нејзината мајка Милјана.

-Мојата душа…отиде вечерва… и како да чекаше да се заврши…да го прославиме роденденот и крштевката на Тара и добивањето на синот на Марко…А потоа ги склопи очите! Сега е на подобро место. Ти знаеш дека во моето срце си моја душа засекогаш…Те сакам бабо – напиша пејачката на својот Инстаграм профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top