| четврток, 6 декември 2018 |

Еве колку ќе чини венчавката на принцот Хари и Меган Маркл!

Венчавката меѓу принцот Хари и Меган Маркл, која со најголемо нетрпение се очекува оваа година,  а ќе се одржи во црквата Сент Џорџ во дворецот Виндзор во Лондон, ќе чини половина милион фунти, пренесуваат британските медиуми.

На венчавката на Кејт и принцот Вилијам на улиците имаше околу 5.000 полицајци, па тоа е минималната бројка која се очекува и за оваа венчавка.

На свеченоста ќе присуствуваат околу 600 гости, но на прославата околу 300 одбрани, бидејќи младенците сакаат што по „интимна“ венчавка.

Медиумите пишуваат дека венчавката ќе чини 500.000 фунти, додека Меган сама ќе си го плати фустанот кој ќе го носи на венчавката, исто како што тоа го направила Кејт во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top