| четврток, 6 декември 2018 |

Не можела веќе да издржи: Помошничката на Меган која даде отказ, откри страшни детали за кралското семејство!

Мелиса Тубати (39), личната асистентка на Меган Маркл даде отказ, откако се расплакала поради преголемите барања на војвотката.

Мелиса за Меган работела само 6 месеци и повеќе не можела. Пред ангажманот во кралското семејство Тубати работела за пејачот Роби Вилијамс.

Иако точната причина за отказот не е позната, тие две се раделија набрзо откако исплива информацијата дека Меган се однесува арогантно кон персоналот.

-Константно работеше под притисок и веќе не можеше да издржи. Сето тоа беше премногу за неа. Меган и даваше премногу задолженија што ја доведе до солзи. Мелиса навистина е талентирана и имаше значајна улога во кралската венчавка. Ќе им недостига на сите во Кенсингтонската палата-открил извор близок на кралското семејство.

Друг извор раскажал дека Мелиса е фантастична, дека професионално ја работела работата, но дека во оваа ситуација најдобро за двете е секој да си тргне по својот пат.

Инаку британските медиуми неодамна пишуваа дека Меган се однесува како диктатор, дека е арогантна  кон персоналот, како и дека им праќа мејлови во раните утрински часови.

Исто така војвотката од Сасекс наводно на денот на својата венчавка се скарала и со Кејт Мидлтон, која исто така ја расплакала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top