Цигарите од Косово и од Албанија се носеле во складишта низ државата и потоа биле шверцувани во Бугарија како крајна дестинација, а според првичните информации во акцијата има над петнаесет приведени и запленети се пари, цигари, дрога и оружје.
Според весникот „Вечер“, кој вчеравечер објави повеќе детали за оваа акција, која сѐ уште е во тек, меѓународна криминална група која пренесувала шверцувани цигари преку Македонија е разбиена во голема полициска акција што беше изведена вчераутро во неколку градови низ државата. Криминалната група е составена од косовски, албански, македонски и бугарски државјани, а цигарите што се шверцувале во Бугарија се од Косово и од Албанија. Според првичните информации, досега се приведени деветнаесет осомничени, меѓу кои има и граничен полицаец и бугарски државјанин, а покрај шверцуваните цигари се запленети пари, оружје и околу пет килограми марихуана.
Акцијата почнала во раните утрински часови со истовремени претреси на неколку локации. Досега се приведени вкупно 19 лица, по шестмина скопјани и струмичани, тројца беровци, двајца кочанци и тетовец и делчевец, а сѐ уште се трага по уште едно лице кое успеало да побегне. Тие биле инволвирани во шверцот на цигари и имале свои задачи. Организатори на шверцот биле косовски и албански криминалци кои биле во тесна врска со уапсените, кои ги преземале цигарите, ги складирале во Скопје, но и во специјални бункери во близина на македонско-бугарската граница. Оттаму, пак, многу полесно ги префрлале во Бугарија, каде што ги чекале тамошните криминалци.
Оваа криминална група функционирала и шверцувала цигари уште од 2010 година, а на полицајците им требало неколку месеци за да ги идентификуваат сите членови, да почнат да им ја пресретнуваат комуникацијата и да собираат докази.
Во десетина претреси кои беа изведени вчераутро полициските инспектори собрале богат плен. Покрај цигарите, во рацете на полицијата паднале и пет килограми марихуана, пари и оружје, но и пакети „ред бул“, кои, исто така, биле шверцувани во државата.
Од МВР вчера само потврдија дека акцијата е во тек и повеќе детали и информации најавија за денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?