| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Карпош тврди дека нема да наплаќа паркинг, а Советот на град Скопје носи одлука за зонско паркирање во Карпош

На вчерашната четврта седница на советот на град Скопје, донесена е одлука за воведување на зонско паркирање со парична наплата и во општина Карпош.

Овој предлог на градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, беше усвоен под точка број 39.

Паркингот ќе се плаќа во Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4 и Влае.

Вакво ветување на граѓаните на општина Карпош немаше ниту Стефан Богоев ниту Петре Шилегов.

Интересно е да се напомене, дека вчера беа точно 100 дена од доаѓањето на власт на овие два градоначалници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top