Стојам зад мојот статус, изјави денеска македонскиот ракометар Наумче Мојсоски преку социјалните мрежи. Тој демантираше дека дал било какви изјава за порталот „Фактор“.
– Стојам зад претходниот мој статус во врска со уништувањето на Порта Македонија. Тоа е мој став и не сум демантирал ништо за „Фактор“ -пишува Мојсоски на „Фејсбук“.
Вчера Мојсоски на својот профил на „Фејсбук“ порача „Стоп“ за уништувањето на Порта Македонија и за другите споменици бидејќи, како што напиша, тоа што се случува не е неговата Македонија, која ја претставува целата негова кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.