Македонскиот ракометар Наумче Мојсоски и неговата сопруга Марија денес му посакаа добредојде на нивниот втор син. Радосната вест ракометарот ја сподели со своите пријатели на „Фејсбук“.
– Денес е среќен ден за нас! Дојде на свет нашето второ синче, нашата втора гордост, нашиот Стефан. Ѝ благодарам на храбрата мама, мојата Марија. Поздрав до сите од фамилија Мојсоски – напиша Наумче.
Наумче и Марија веќе го имаат синот Кристијан, кој во мај ќе наполни четири години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.