На охридското крајбрежје постојат плажи, кои и во минатиот период не ги исполниле минималните услови за безбедност, вели претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точко.
– Тие плажи што секоја година на некој начин си играат со Законот, гледам дека и оваа година се заспани, односно не се активирале да обезбедат барем миниум услови да ангажираат спасителни служби и да воспостават критеруиму според законската регулатива – вели Точко за „Охридњуз“.
Точко вели дека е во тек проценка од страна на службите на целото охридско крајбрежје, со цел да се утврди дали се преземени сите мерки пропишани со законската регулатива.
– Можам да кажам дека ситуацијата е аларамантна затоа што голем број мостови, наблудувачници и платформи не се во сосотојба да можат да бидат користени, а луѓе доаѓаат таму. Апелираме до концесионерите да бидат сериозни, ако не ги санираат тие настанати штети што се на мостовите, да стават информативни табли на кои ќе биде назначено дека нема да можат да се користат од страна на посетителите – истакна Точко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


