| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Николиќ за „Република“: Се чувствувам како принцеза во дворец

Се занимавате се пеење од 22 години. Со песната „Јануар“ го свртевте вниманието на јавноста на својата работа и во 2003 година излегува истоимениот деби албум благодарение на кој добивате Оскар на популарноста за поп пејачка на годината, хит на годината и албум на годината. Какви спомени имате од тоа време?

Имам прекрасни, сјајни спомени од тоа време. Првиот албум навистина беше ужасно популарен, секоја песна беше хит. Навистина беше неверојатно од единаесет песни-десет хитови што на пејачите ретко им се случува. Мислам дека Харис Џиновиќ имаше еден таков албум на почетокот на кариерата, каде од девет песни на албумот имаше девет хитови. Но,од друга страна тоа е отежнувачка околност бидејќи добиваш една задача која потоа мораш да ја повториш, а не е лесно да се повтори, кога ќе ти се случи првпат голем успех. Мислам дека тука и продуцентот се потроши и вториот албум не беше како првиот. Направивме добар албум „Девокја од чоколаде“ и спотови и се беше во ред, но мислам дека кариерата тука крена малку низбрдо. Потоа го сменив менаџментот, го сменив продуцентот и мојата кариера тргна по нагорна линија на која и денеска се наоѓам. Имаше тука и лоши работи. Знаете јас влетав релативно неспремна за свет каков што е естрадата. Кога го вела ова мислам на луѓе кои се занимаваат со некои чудни работи во животот, доста ниско ниво на свест…А јас во сето тоа како еден одличен ученик, „Вуковац“ кој студираше, не се снајдов баш најдобро. Пливав јас тогаш некако и сеуште пливам, но не се чувствував баш пријатно, но веќе мојата кариера го достигна нивото кога телефонот може да ми биде на „silent“ и кога сакам да немам контакти со никого. Сето тоа благодарение на мојот брат кој е мој менаџер, а сега и благодарение на сопругот, така што навистина јас во овој момент сум презаштитена и се чувствувам како принцеза во дворец. До мене тешко се доаѓа, но не поради надменост, туку едноставно сум опкружена со овие мои луѓе, блиски лица имам во мојот круг така што ништо не ме допира. А имаше се и сешто.

 

Целото интервју ќе го објавиме пред концертот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top