| четврток, 6 декември 2018 |

Влатко Стефановски: Ја загубив сопругата и тоа ми остави дупка во душата

Изминатиов период ми беше многу тежок. Пред една ипол година син ми доживеа сообраќајна несреќа и се повреди многу страшно. За жал, пред три месеци почина мојата сакана, драга сопруга со која што поминав триесет и пет години. Тоа е една огромна загуба за мене, една огромна дупка во мојата душа и се обидувам преку музиката да се спасам, изјави Влатко Стефановски во интервју за „Женски магазин“.

Еден од најпознатите светски гитаристи ќе одржи концерт на 17 март во Македонската филхармонија, заедно со музичарите од Филхармонијата. Влатко концертно ќе го промовира новиот албум „Мајчин јазик“, кој лани за регионот го издаде „Кроација рекордс“ од Загреб. За специјални гости се најавени етно-составот „Љубојна“ и српската етно-дива Биља Крстиќ, а концертот го организира „Баги комуникации“.

– Се обидувам свирејќи да го изразам сето она што се случува во мене, и за момент да најдам утеха, иако тоа е многу тешко. Сега се грижам за моите деца, ги решавам нивните проблеми, а кога ќе дојде ред и на мене, ќе решам и некои од моите проблеми – вели Стефановски во интервјуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top