Првата дама на САД Меланија Трамп ја скрши долгогодишната традиција на првите дами и пристигна сама на годишното Обраќање на претседателот до нацијата за состојбата на земјата.Од нејзиниот Кабинет беше соопштено дека Меланија дошла сама и пред претседателот Трамп бидејќи ги придружувала специјалните почесни гости на настанот.
Сепак, медиумите не се откажуваат од шпекулациите дека Меланија и Доналд не се во најдобри односи. Двајцата се немаат појавено заедно откако во медиумите се појавија гласини дека Трамп ѝ платил на порно ѕвезда за да молчи за нивната наводна афера.
Трамп негира дека воопшто имало афера, но гласините дека ѝ платил на порно актерката Сторми Даниелс 130.000 долари за да не зборува за нивната наводна едногодишна вонбрачна афера наводно ја разбеснале првата дама, шпекулираат медиумите.
Барак Обама и Џорџ В. Буш дојдоа на годишните обраќања со сопругите, исто како што Трамп дојде лани заедно со Меланија.
Но, годинава пристигнаа одвоено, а кога Меланија влезе во просторијата пред претседателот, заедно со почесните гости, присутните ја пречекаа со топол аплауз и овации.
Нејзиниот избор на гардероба исто така беше ставен под лупа на јавноста и се бараше скриен симболизам во фактот дека избра да биде облечена во бело од глава до пети, бојата на движењето на суфражетките од почетокот на 20. век, кои се залагаа за права на жените.
Пред само два дена сите холивудски ѕвезди на доделувањето на Греми награди се појавија со бели рози. Розите беа знак на солидарност со жртвите на сексуално малтретирање во Холивуд и глас против злоставувачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


