Милиони љубители на астрономијата ширум светот денес нема да го тргнат погледот од небото за да ја просведочат необичната небесна појава наречена Сина крвава супермесечина. Овој лунарен настан последен пат се случи на 20 декември 1982 година.
Месечината денеска ќе се доближи најблиску до Земјата во нејзината орбита, а ќе изгледа 14 пати поголема и 30 пати посветла.
Сината крвава Супермесечина всушност претставува астрономски триплет, односно три небески феномени кои заедно ќе се појават на небото, а се работи за појавите Супермесечина, Крвата месечина и Сина месечина. Но, што точно значи тоа? Супермесечина е кога Месечината се наоѓа најблиску до Земјата во нејзината орбита, Крвава Месечина е кога таа ќе доживее уникатно затемнување кое дава впечаток дека Месечината има црвена боја, а Сина Месечина е кога двапати во истиот месец на небото ќе се појави полна Месечина.
И покрај големиот интерес, оваа појава нема да биде видлива насекаде низ светот.
Жителите на Москва, преку Сиднеј до Вашингтон ќе можат да го просведочат лунарниот феномен пред да настапи вечерта, во текот на излегувањето на Месечината.
Американците ќе можат да ја видат Сината крвава Супермесечина денеска пред да изгрее сонцето, велат од НАСА. Помрачувањето на Месечината на Источниот брег ќе почне во 5:51 часот по локално време, а според наше време веќе е почнато. Тогаш Сината супермесечина ќе почне да поцрвенува.
Жителите на Блискиот исток, источна Азија, Австралија и Нов Зеланд оваа појава ќе можат да ја видат вечерва. Помрачувањето во Сиднеј ќе започне во 21:51, во Нов Зеланд во 23 часот, во 18 часот во Шангај и во 13 часот во Москва.
Дали Сината крвава Супермесечина ќе може да се види во Македонија?
Не се загледувајте кон небото, бидејќи нема да можете да ја забележите оваа појава. Повеќето жители на Европа ќе го пропуштат овој настан, но затоа можат да го проследат на интернет, каде ќе има директни стримови на веб-страниците на НАСА и Virtual Telescope, или на директниот линк во живо на YouTube.
Појавата Сина месечина ќе се случи уште двапати во 2018 година, додека за Супермесечина ќе треба да чекаме до јануари 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


