| четврток, 6 декември 2018 |

Мајами Хит ја поделија својата радост со над 400 000 навивачи (видео)

miami parade

Кошаркарите на Мајами Хит, заедно со своите семејства и пријатели се „прошетаа“ низ Мајами како вистински шампиони поздравени од над 400 илјади навивачи. Пехарот речиси постојано беше во рацете на Крис Бошдодека дел од кошаркарите прскаа со водени топови бидејќи во Мајами е многу жешко, посебно во овој период од годината.

Во едно од возилата за придржубата имаше и војници на кои кошаркарите на Мајами им изразуваа почит при секој натпревар на домашен терен последните сезони.

Мајами Хит во петокот го совлада тимот на Сан Антонио Спарс во седмиот натпревар од финалната серија на НБА лигата и ја освои третата титула во својата историја, втора во низа.

httpv://www.youtube.com/watch?v=OqliXySiGPg

httpv://www.youtube.com/watch?v=mO4QZU0H1vk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top