Три лица загинаа, а две се повредени вчера откако хеликоптер се урна врз куќа во јужна Калифорнија.
Хеликоптерот летал само 1,6 километри по полетувањето од аеродромот „Џон Вејн“, а потоа се урнал.
Полицијата во Њупорт бич објави дека во малиот хеликоптер „робинсон 44“ во моментот на несреќата имало 4 лица.
Кенди Региц, соседка, мислела дека нешто ќе падне врз нејзината куќа.
„Помислив дека нешто набрзо ќе падне врз мојот покрив, го грабнав кучето, истрчав надвор и тогаш сфатив дека не е мојата куќа, но се гледаше чад и урнатини наоколу, позади мојата куќа“ – вели таа.
Сведок за локалната телевизија КЦАЛ вели дека излегол од куќа кога слушнал силна врева и видел облак прашина. Тогаш видел човек како виси од леталото.
„Сакавме да го извлечеме, но не го чепкавме за да не ризикуваме да повредиме некого“- изјави сведокот.
Почната е истрага за несреќата во која учествува и американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство. Снимките објавени на интернет го прикажуваат местото на несреќата и спасувачките екипи на терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


