| четврток, 6 декември 2018 |

Кенгур “нокаутираше“ жена велосипедист (видео)

Жена која возела велосипед била нокаутирана од див кенгур додека прескокнувал по патот на кој возела.
Посебно е интересно што сето тоа се случило на државниот празник на Денот на Австралија, а судирот со кенгурот е можеби „најавстралиската“ работа која може да се случи.

Ребека, жената која го возела велосипедот, уживала во возењето со пријателите во Квинсленд, кога одеднаш се појавил кенгурот.

Судирот со камера го снимил велосипедистот кој бил зад неа.

„Ребека го измести десното рамо (каде што ја удрил кенгурот) и се здоби со посекотини на левото колено од падот. Но тоа не ја спречи подоцна да се насмее поради целиот инцидент“ -се наведува во описот на снимката на Јутуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top