Чувстувам немерлив срам, вина и одговорност, напиша меѓу другото во обраќањето до јавноста актерот Драган Спасов Дац кој беше вршител на должност директор на Македонскиот народен театар (МНТ). Дац синоќа предизвика сообраќајна несреќа во која полесно била повредена една девојка, која по лекарскиот преглед е пуштена на домашно лекување. Според МВР, Дац имал недозволено присуство на алкохол во крвта. Утринава тој поднесе оставка на функција в.д. директор на МНТ, а министерот за култура Роберт Алаѓозоски му ја прифати оставката.
„По повод синоќешниот сообраќаен инцидент во кој бев учесник, инцидент кој што со молскавична брзина предизвика безброј малициозни наслови и коментари кои одекнаа во јавноста и социјалните мрежи, чувствувам потреба да се обратам до нашата јавност со вистинското објаснување за настанот.
Вчера вечер враќајки се со мојот автомобил кон дома, кај ’Шампионче’, се случи сообраќаен инцидент во кој учество имав јас и девојка на возраст од дваесетина години. Факт е дека среќата беше на наша страна (на девојката и моја), при што девојката беше апсолутно неповредена. Сочекавме увидна екипа на МВР на место на настанот а потоа девојката, јас и мојата сопруга, заминавме заедно до првата здравствена установа на превентивен преглед (за секој случај ) каде е утврдено дека девојката е неповредена. За нејзиниот претрпен страв и стрес немам право да зборувам. Мојата претпоставена вина е што неколку минути пред настанот имав испиено една чашка алкохол, поради што , при алко тестот на лице место, мојот наод беше позитивен“ пишува Дац.
Тој додава дека искрено жали за настанот и и се извинува на девојката и на нејзиното семејството.
„За претрпениот страв и стрес и во име на чувството на лична одговорност како човек и јавен службеник во нашата земја, свесен за личната вина, давам неотповиклива оставка на функцијата В.Д. Директор на МНТ. Оставката е последица на личен чин, како израз на моето морално кредо и ништо повеќе или помалку од тоа.
“Сите животни се еднакви, но некои се поеднакви од другите” вели Орвел. Јас како јавна личност и носител на јавна функција имам немерливо поголема одговорност во секаков смисол од одговорноста на обичниот граѓанин. Од таму и мојата оставка и каење за настанот.
И натаму останувам посветен во мојата мисија во градењето на праведно општество со што создавањето или одржувањето на моралната вертикала мора да стане постојан процес . Се гледаме на “штиците кои живот значат”, напиша Дац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дац нема да глуми, ниту да синхронизира серии додека е в.д. директор на МНТ
-
Драган Спасов – Дац: Секој има некоја среќа, мојата се вика Весна
-
Драган Спасов Дац: „Госпоѓа минисерка” наскоро повторно на сцената на МНТ
-
Вратите во МНТ ќе се затвораат пет минути пред почетокот на претставата, кој доцни нема да гледа