Од септември кога почнува новата театарска сезона во Македонскиот народен театар (МНТ) вратите за влез на публиката ќе се затвораат во 19,55 часот. Претставите во МНТ вообичено почнуваат во 20 часот. Оној кој ќе доцни, нема да може да влезе, најави денеска на својот профил на Фејбуск Драган Спасов Дац, новиот в.д. директор на МНТ.
„Почитувана публико, почитувани љубители на театарската уметност, сакам да ве информирам дека со почетокот на новата театарска сезона во Македонскиот Народен Театар, заради непречено следење на претставите, вратите за публиката ќе се затвораат во 19:55 часот.
Во 20:00 часот почнува претставата!
Ако некој не е во можност да присуствува на претставата за која земал билети, истите ќе може да ги врати половина час пред почетокот на претставата и да му бидат вратени парите. Во спротивно, на гледачите кои задоцниле нема да им бидат вратени парите и истите нема да можат да влезат во театарот.
Ова ќе важи за сите граѓани на светот, напиша Спасов на својот профил на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“