Судијката Маргарита Цаца – Николовска смета дека по ветото од претседателот Ѓорге Иванов не треба да има амандманска расправа во Собрание за Законот за употреба на јазиците, туку може да се дискутира само за истиот текст.
-Непотпишувањето на указот не значи, по мене, дека сега се отвора од почеток целосна расправа по овој закон, вклучувајќи ја и амандманската расправа. Овој инструмент е даден како уште една основа за потврдување на веќе донесениот закон и за негово влегување во сила. Значи, сега ние можеме да дискутираме само за истиот текст на законот. Доколку текстот на законот, имајќи ги предвид забелешките, не одговара на некој од пратениците во Собранието, тие имаат право да гласаат против законот, изјави за телевизијата Алсат-М првиот македонски судија во Европски суд за човекови права во Стразбур, со мандат од 1998 до 2008 година.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе 35.569 амандмани за законот што предвидува албанскиот јазик да стане службен на целата територија на државата, што е нов рекорд во историјата на македонскиот законодавен дом.
Претходниот беше сопственост на ДУИ, кој во 2012 година го блокира донесувањето Закон за посебните права на бранителите со 15.451 амандман. Сегашниот спикер на Собранието, Талат Џафери, тогаш во комисиската расправа читаше поезија или молчеше пред микрофонот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)