Скопјани повторно се гушат во загадениот воздух, а главниот град и денес се најде помеѓу 10 најзагадени градови во светот. Привремените мерки кои денес ги спроведоа владата на СДСМ и Петре Шилегов не донесоа никаков ефект.
Нивото на загаденост и во текот на денешниот ден е алармантно. Мерните станици на квалитет на воздухот на повеќе локации низ градот измерија огромно загадување неколку пати над дозволениот максимум.
Шилегов и СДСМ пред изборите ветуваа брзо решавање на проблемот со загаденоста, ги излажаа граѓаните дека имаат решение и дека ќе спроведат итни мерки, за трајно решавање на проблемот. Но веќе 4 месеци жителите на Скопје се гушат во загадениот воздух, а популистичките привремени мерки кои ги носи владата не носат никаков резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.