| четврток, 6 декември 2018 |

Проблемите со сонот може да бидат знак за појава на една болест

Проблеми со сонот и навиката за попладневна дремка може да бидат рани знаци за појава на Алцхајмерова болест, покажа новото истражување спроведено над глувци и луѓе.

Проблемите со сонот се типични за постарите луѓе. Новата студија покажала дека кај старите лица кои не покажуваат знаци на когнитивно оштетување, но имаат проблеми со сонот, акумулираат амилоидни протеини во мозокот.

Испитаниците кои имаат редовен сон и кои не биле склони кон дневна дремка, имале помалку амилоидини протеини во мозокот кои ја зголемуваат веројатноста за појава на Алцајмерова болест.

Стручните лица оваа болест најчесто ја откриваат на основа на снимката на мозокот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top