Сања Таневска е дипломиран професор по македонски и шпански јазик, професија која што ја доведе да седне на маса и да му предава на професорот по ракомет, „Ел Команданте“ Раул Гонзалес. Во интервју за „Оф.нет“ таа раскажува како Раул научил македонски јазик.
– Неколку ракометари се откажуваа, па продолжуваа, па се откажуваа. Поучена од искуството со Јан Пиклик, бев скептик за Раул Гонзалес, си викам ако не е сериозен ќе биде тешко зошто и за предавачот е трошење енергија. Сум имала прв час со сите, а втор со 50 посто. По неколку дена ми се јави Раул и на шпански ми кажа: ’Здраво, јас сум Раул, тренерот на Вардар, ми кажа Малумбрес (Ињаки) дека предавате македонски и би сакал да земам часови.’ На прашањето што и како, само ми одговори ’Ќе се видиме, ќе збориме. Сега немам баш време, дојдете утре во 5 во Пелистер (на плоштад) ако ви одговара, па ќе се договориме. Доаѓам јас во Пелистер а Раул веќе седнат со тефтер, со пенкало, со весник. Во прв момент ми беше непријатно да почнам да објаснувам глаголи среде ресторан, немав ни книги со мене, а замислете Раул беше првиот човек што научи да чита кирилица уште на првиот час. Тоа беше неверојатно. Раул не беше толку флуент на англиски колку што беше на македонски – раскажува професорката Таневска во интервју за „Оф.нет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако е зачуван јазикот и идентитетот – македонски, зошто во Брисел сме латинично makedonski, а не macedonian?
-
Швалерката трудна да ти остане: Најсмешните македонски клетви
-
Концерт на македонски и хрватски песни и ора на Прилепско културно лето
-
Македонски и руски композитори во проектот „Време е за слуишање музика!“