| четврток, 6 декември 2018 |

Надал елиминиран во првото коло со 3-0

Огромно изненадување уште во првиот ден на Вимболдон! Рафаел Надал  e елиминиран уште во првото коло по убедливиот пораз од Белгискиот претставник Стив Дарсис, за кого ова е можеби највредната победа во  кариерата.

Белгиецот славеше со 3-0 (7-6, 7-6, 6-4) и му нанесе голем удар на Надал, кој два пати го има освоено овој турнир. Дарсис одлично играше во текот на целиот натпревар со ритам кој очигледно Надал не успеа да го прати. Вториот сет кој Стив го доби со 10-8 во поени во тај-брејк изгледа како да беше најважен за овој натпревар.

steve

Стив Дарсис кој на Вимболдон дојде како 135. на АТП листата, во второто коло ќе се сретне со Полјакот Лукаш Кубот кој исто така победи со 3-0 во првото коло

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top