| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер со фуриозен старт ги најави амбициите за рекордна осма титула на Вимблдон

Роже Федерер со фуриозен старт и победа од 3-0 против Виктор Ханеску, најави амбиции за рекордна осма титула на Вимблдон. Со 6-3, 6-2, 6-0 Швајцарецот го декласира првиот противник на лондонскиот гранслем и тргна по патот на рекордот. Со него 7 титули има Пит Сампрас и Вили Реншоу, но тој ги освојуваше трофеите во аматерското доба на турнирот.

Федерер ја почна неверојатната авантура во 2003 година, кога за првпат славеше на Вимблдон, а беше победник и во следните 4 изданија со што направи „петка“ во серија. Рафаел Надал му ја прекина низата во 2008 година, во 2009 Швајцарецот повторно се врати на тронот, а седмата круна ја пролсави лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top