| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Николиќ: Кога Реал ќе крене раце од Роналдо, тогаш и јас ќе се откажам од Раста

Српската пејачка Ана Николиќ периодов спрема за концертот кој што ќе го одржи во Скопје идниот месец. Друштво на сцената ќе и прави се уште законскиот сопруг и татко на нејзината ќерка Тара, раперот Стефан Ѓуриќ – Раста со кого иако пред неколку месеци најавија дека ќе се разведат, уште ги немаат потпишано документите за разделба, пишува Вечер.

Таа вели дека иако решиле да се разделат, со Раста ќе соработува и на нејзиниот нов албум кој го подготвува.

–  Па ниту еден тим не би се согласил да го продаде Кристијано Роналдо, па така и јас никогаш не би се откажала од мојот тим. Стефан покажа дека знае да го погоди „нервот” на публиката и дека знае да направи песна која не може никого да остави рамнодушен. Токму поради тоа тој е и автор на неколку теми од новиот албум, изјавила Николиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top