Долго време се шпекулираше за причините поради кои Ана Николиќ решила да стави точка на својот брак со Стефан Ѓуриќ Раста, а сега на површина излезе и вистинската причина. Имено нивниот брак пукнал поради трета личност, ќерката на пејачот Миле Китиќ, Елена.
Се почнало кога Ана Николиќ пронашла пораки како доказ дека раперот е премногу близок со Елена, со која една година работел на нејзиниот албум.
Кога ги прочитала, Ана дознала дека Раста цело време од бракот ја лажел и дека неговиот однос со Елена не бил строго работен, но и дека пред да ја започне врската со Ана, Раста и Елена биле многу блиски.
Како што се дознава токму таа преписка ги открила деталите на врската на Елена и Раста, што довело до конечната одлука да се разведат и да кренат раце од тој брак.
-Односот на Ана и Раста веќе бил на климави нозе, меѓутоа кога таа дознала за допишувањето и фактот дека Елена и Раста некогаш биле заедно, Ана решила да стави точка на бракот. Тогаш се уверила дека правдањата на Раста дека Елена ја гледа какао помлада сестра, всушност не биле вистина и дека цело време ја лажел. Тогаш открила дека тие порано биле во шема. И станало јасно дека нејзиниот маж и Елена кријат бурно минато и се почувствувала повеќе од изневерена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Немој да се силиш, или ќе те иселиме од станот: Ана Севиќ добила брутални закани од лихвари!
-
Барал од адвокатите да му донесат документи за развод: Дарко и Ана се разведуваат во болница!
-
Швајни доби награда, но ѕвезда на вечерта беше неговата сопруга!
-
Татко му на Дарко ја избркал Ана од болницата: Го саботирала давањето крв за пејачот, а оваа капка ја прелила чашата!