| четврток, 6 декември 2018 |

Ем-Ти-Ви и „Сенки и облаци“ ќе обучуваат млади за театар на сенки

Млади луѓе од Македонија, на возраст од 16 до 22 години, ќе ги учат тајните на театарот на сенки и ќе создаваат едукативни приказни за вирусот ХИВ и болеста СИДА, од февруари до април годинава.

Театарската група „Сенки и облаци“ од Скопје – единствената македонска театарска група која го негува театарот на сенки – е една од дваесетината креативни дружини од светот кои добија грант од Фондацијата „Ем-Ти-Ви Стеинг Алајв“ за проекти за рабивање на табуата и откривање на тајните на сексуалното и репродуктивното здравје, меѓу 1.700 апликанти од сите страни на светот.

Plakat Senki i oblaci MTV staying aliveПроектот „ХИВ/СИДА едукација преку игра на сенки“ ќе се случува во МКЦ, Скопје. Со програмата слушателите ќе поминат викенд обука за сексуалното и репродуктивното здравје и три викенд работилници за составање театарска претстава со сенки. На крајот на проектот, сработеното ќе биде претставено пред публиката со театарски карван низ Македонија.

Ем-Ти-Ви Стеинг Алајв е меѓународна продуцентска огранизација која поддржува проекти чија цел е намалување на ширењето на вирусот ХИВ и болеста СИДА.

„Сенки и облаци“ е неформална уметничка група од Скопје, составена од креативци здружени околу идејата да ги поттикнат младите луѓе ширум светот на креативни средства за пренесување пораки за подигнување на свеста и стекнување животни вештини и способности.

Пријавувањето е до 31 јануари, преку веб-страницата на „Сенки и облаци“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top