| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ во Штип ловел диви свињи, но и го финиширал трансферот во САД

Шведскиот фудбалски интернационалец и ѕвезда на Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ викендов беше во Македонија, поточно на лов на диви свињи во Штип, од каде што најверојатно ќе замине директно во САД каде што ќе треба да потпише со својот нов тим.

Според американските медиуми, станува збор за екипата на ЛА Галакси, која може да си ја дозволи неговата огромна плата која ја има во таборот на „ѓаволите“. Швеѓанецот тешко се повреди во април минатата година и отсуствуваше сѐ до ноември кога се врати на теренот. Но, по само седум одиграни натпревари пак ја обнови повредата поради што подолго период е во аут.

Доаѓањето на Алексис Санчез во Јунајтед дополнително ги зголеми шпекулациите за заминувањето на Ибракадабра од „Олд Трафорд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top