Легендарниот шведски напаѓач, Златан Ибрахимовиќ е топ тема во американските медиуми откако неодамна му се приклучи на тимот на Лос Анџелес Галакси и одличното деби во кое му донесе победа на тимот. Се чини дека тој се враќа во препознатливата форма, па многумина се прашуваат дали би ја разгледал можноста да се врати во репрезентативниот дрес на Шведска за време на Мундијалот во Русија.
Последен пат тој играше за својата земја на Европското првенство кога Швеѓаните во групната фаза загубија од Белгија со 1-0. Светската Фудбалска Федерација (ФИФА) вели дека Златан има забрана за настап на СП поради сопственост на дел од една обложувалница.
– ФИФА не може да ме запре. Ако сакам да бидам таму, ќе бидам и точка. Исто е и со репрезентацијата. Ако сакам да заиграм, ќе заиграм. Тоа не е работа на ФИФА, тоа е моја работа и тоа што јас го сакам , вели Ибрахимовиќ.
Шведскиот селектор, од друга страна, не размислува за вклучување на Ибра во неговата репрезрентација, кој и без неговите услуги се избори во баражот и обезбеди место на претстојниот Мундијал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.